Единаесетгодишно девојче било каснато од куче во Кавадарци, соопшти денеска портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Случајот во полиција го пријавил четириесетгодишниот кавадарчанец В.П, татко на девојчето.
– Настанот се случил на улицата „Пано Мударов“ во близина на нивната куќа. Кучето било непозната раса. Девојчето било нападнато и каснато во пределот на левата потколеница, појасни Додевски.
Извор:МИА