Уште од сега Душан го учиме на човечки вредности – Со Борко Ристовски за семејството, ракометот и животот во „новото нормално“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/21 9:11 PM

Уште од сега Душан го учиме на човечки вредности – Со Борко Ристовски за семејството, ракометот и животот во „новото нормално“

Најважно е што сме сите живи и здрави, што немаше никој од нашите поблиски никакви компликации со ковид-19, што останавме сите на број, вели ракометната ѕвезда Боро Ристовски или министерот за одбрана, како што го нарекуваат.  И тој како и сите ние се навикна да живее со „новото нормално“, и како што вели, колку тоа да не е добро за ракометот,  толку е добро што оваа ситуација ги зближи сите семејствата, па и неговото и имаше повеќе време да им се посвети. Тука секако приматот го има неговиот син Душан, кој им три години, па тој и неговата сопруга Нина за овие празници се што направија, направија да му ги исполнат неговите желби. Борко за ММС раскажа како живее со пандемијата, како семејно ги поминуваат празниците и секако, за ракометот.

Како ги поминавте празниците, со оглед на забраните и ограничувањата поради заштита од коронавирус?

-Па скромоно. Немаве многу избор со оглед на тоа дека е пандемија и дека има забрани. Затоа со сопругата и син ми Нова Година ја поминеме дома, во домашна атмосфера. Ова е прва Нова Година кога син ми Душан, кој има три годинки за прв пат е свесен за све што се случува. Иако е малку тешка состојбата со пандемијата, сепак, се потрудиме нему да му биде убаво. Тоа ќе бидат спомени кои нему ќе му останат позитивни моменти во иднина во сеќавањата. Нова Година вечерта си поминавме дома, а на втори семејно заминавме малку на снег во Бугарија. До пред Нова Година, пак,  бевме  во Маврово. Душан веќе разбира за Дедо Мраз, ги пее песните, сака и јас да му ги пеам, па периодот околу празниците целата концентрација беше на Душан и неговите желби. Па и самиот дочек.  Си бевме сами дома, палевме жижици, а јас се облеков како Дедо Мраз.

Дали семејно ги правите обичаите за Бадник и Божиќ, верувате ли дека „паричката“ носи среќа и дали Нина е задолжена за правење на бадниковото лепче?

-Хахаххаа… Нина не е баш по месењето пити и лепче. Нина е по порачувањето, да порачаме лечиња и сите јадења кои традиционално треба да се најдат на празничната трпеза. Нина е од една понова генерација на која полесно и е да купи и да нарача , отколку да направи. Нина не е од жените која станува наутро во шест да меси пита. Ама и покрај тоа на трпезата ќе имаме се. Нина ќе биде задолжена за порачките, а Борко ќе биде тој што ќе го праќаат да ги собира.

Дали верувате дека паричката за Бадник носи среќа?

-Па се трудиме и сакаме сите да веруваме дека во паричката има нешто повеќе од само мит и сакаме да го воспитуваме нашиот син Душан така. Се трудиме колку што можеме да веруваме, во рамките на нормала. Но, многу побитно од се е да го научиме Душан уште од сега на правилни човечки вредности и да верува во сите работи во кои ние сме верувале.

Се навикна ли на брачниот живот?

-Па, се навикнав. Сега во Македонија е малку поинаку, затоа што ни е полесно, постојано имаме жена која ни помага. Душан почна  да оди во градинка и обврските се далеку олеснети. На стартот ни беше малку потешко затоа што многу беше тешко да се најде жена која ќе ни помага, која ќе работи на начин на кој ние сакаме и да се грижи за Душан. Сега во тој дел сме порелаксирани и можеме да посветиме малку повеќе време на нас, малку повеќе да излеземе, да прошетаме, да се дружиме. Но,  на живот со жена никој не се навикнува туку ги прифаќате фактите такви какви што се. Доколку најдете една средина, взаемно ќе се почитувате и ќе бидете лојални еден спрема друг, мислам дека тоа е на долги стази. Ако нема лојалност и почит мислам дека тоа не може да функционира.

Душан е сеуште мал, но сепак знае да се најде „помеѓу стативите“. Дали од него очекуваш еден ден да го надмине твојот успех?

До кај може нека го надмине. Јас досега сум кажал неколку пати дека посакувам тој да биде здраво и среќно дете, а како ќе го носи патот и животот оставам на него. Јас ќе инсистирам Душан да се занимава со спорт, но нема да инсистирам кој спорт да биде тоа. Кој спорт ќе го избере тој, како него ќе го носи душата и срцето  така нека избере. Но, ќе се потрудам уште од мали години да го научам да го сака спортот, оваа професија да му биде омилена, да му биде дел од живот, бидејќи спортот е една од најубавите работи на светот, спортот е едно од работите кои не подготвува за животот на едно поинакво ниво. Со спортот го дочекуваме животот подготвени за сите предизвици, за сите убави и лоши работи кои доаѓаат. Нема ништо да биде присилено, но доколку сака да се занимава со спорт од мене ќе ја има апсолутната поддршка, за било кој спорт во животот да се одлучи.
Годинава позади нас беше навистина тешка. И од приватен и од професионален аспект. Кога би направил една ретроспектива само од позитивни работи, што би издвоил?

-Повеќето ќе се фаќаат за негативните, но убаво е да ги извоиме позитивните. Мислам дека најважно и над се, и јас така се трудам да го терам животот, е што сме сите здрави, што немаше никој од нашите поблиски никакви компликации со ковид-19. Останавме сите сите на број, останавме сите позитивни колку и да е ситуацијата негативна и мислам дека најпозитивното од оваа состојба и од ковидот е тоа дека се зближивме и дека поминуваме повеќе време и со семејството и со најблиските, со нашите родители, со сопугите. Едноставно го користиме она кога нема простор за лутање низ градов и по светов и пак ќе кажам ако може нешто позитивно да биде тоа е дружењето со најблиските. Искористување на времето квалитетно, со најдрагите.

Дали и колку пандемијата на глобално ниво ќе влијае врз ракометот како таков, кој ионака важи за „сиромашен“ спорт, споредбено со другите мејстрим спортови како фудбалот и кошарката?

-Ковидот има влијание врз сите спортови, но да речеме ударот врз фудбалот не може да се почуватвува, бидејќи таму се во прашање милиони и милиони, додека во ракометот се само милиони. Сигурно дека ќе остави трага. Спречен е квалитетот на спортот. На ракометот ќе остави трага затоа што играте натпревари на високо ниво пред празни трибини,  во континуитет цела година. Сега  ќе се разболат троица, па одиме 15 дена во изолација, па после по 40 дена пак некој ќе се разболи, па пак одиме во изолација. А 15 дена верувајте се многу време за просфесионални спортисти, тоа остава траги и на квалитетот на спортот и на самите спортисти.

Во времето кога македонскиот клупски ракомет беше на врвот, а тоа беше неодамна, ривалството помеѓу Металург и Вардар доживуваше кулминација. После години доминација на црвено-црните во македонскиот, балканскиот и европскиот ракомет, сега се чини дека неизвесноста во домашното првенство и изедначеноста полека се враќа. Дали мислите дека РК Еурофарм и Металург би можеле да направат оваа сезона изненадување и да му го одземат тронот на Вардар?

-Не. Мислам дека во Вардар  има комплетна екипа, ајде да кажам, 50 отсто комплетна екипа, дека сепак,  иако вложуваат и Еурофарм и Металург уште повеќе средства од минатотото, мислам дека сепак, сме квлалитет и не верувам дека ќе има поголеми изненадувања.

За што жалиш во кариерата, што би направил поинаку да можеш, а кој момент би сакал одново и одново да се повторува?

-Буквално за ништо не жалам, сакам да верувам дека се што сум направил имало своја цел и по добро и по лошо, затоа што верувам дека никогаш немало да стасам на ова ниво и да имам таква кариера каква што имам да не сум поминал и убави, мегутоа и лоши работи во кариерата. Сакам да верувам дека се е дел од едно школо од еден пат која мора да го изодите. На многу малку луѓе цело време патот им е „осветлен“,  така да мислам дека пред да го видите светлото треба да влезете во тунелот. Буквално не жалам за ништо и се што сум направил ме направило или поквалитетен човек или поквалитетен спортист или поискусен во секоја смисла на животот. И да морам да бирам пак, повторно би го избрал истиот пат, повторно би ги направил истите грешки, повторно би ги направил истите убави работи затоа што не можете само да живеете со позитивни работи и со позитивни избори во животот, треба да се научите да живеете и со негативните. Така да мислам дека кога се ќе се собере и одземе јас сум задоволен и од својата кариера и од  својот живот и од она како спортот ме направи и како човек и како спортист. Едноставно ги оставам работите да бидат како што треба да биде. И што сум татко на Душан, тоа е најважното.

Какви се твоите искуства од сезоните во Шпанија, во што се состои клучната разлика од работата и гледањето на ракометот таму и овде кај нас?

-Па добро не се споредува. Екипа како што е Барселона или шпанската лига не може да се спореди со било која лига затоа што самата Брселона носи своја тежина како што носи Вардар, како што носи и самиот  Рајн Некар Левен. Така да секоја екипа и секоја лига си има своа тежина, свои помалку убави работи. Мислам дека натопреварите во Шапнија се многу извесни затоа што во тој период додека бев јас ние двете сезони го завршивме со нерешен резултат , друго се беше победа, додека споредба со настапувањето во Вардар или во Германија имате простор каде може да загубите. Така да секоја лига си има своја посебна убавина, посебна тежина, плусеви и минуси, сите се различни и не може да се споредува затоа што менталитетот на Шпанците е еден, на Геманците друг, на Македонците сосема трет.Така да не може да се направи никаква споредба, секоја си е убава на секој начин.

Какви се твоите долгорочни проекции во врска со македонскиот клупски и репрезентативен ракомет? Дали Македонија ќе ја снајде судбината на некои други екс-ју репрезентации за кои можеме да речеме дека се во слободен пад и на двете нивоа, или повторно ќе се етаблираме помеѓу европското елитно друштво и ќе бидеме тврд орев за секоја велесила?

-Мислам дека во Македонија има многу квалитетни поединци. Дека ќе бидеме во слободоен пат пад не можам точно да кажам затоа што тоа не зависи само од квалитетот на играчите, тоа зависи и од екипата  која ќе го прави сето тоа, од организацијата, од среќата, од карактерот на играчите. Затоа што верувајте, во минатото имало можеби многу поквалитетна генерација од нашата, но оној инат, она пријателство кое не красело во нашата репрезентација, допринело за многу поголеми успеси отколку што ги направила претходната генерација. Не се работи само за квалитет, мора да има доза на инат, доза на самопочит, доза на другарство, тоа се едни компоненти кои мора да се вклопат во едно заради завршниот призвод, а тоа е успехот и резултатите. Многу мора да работиме на клубски, пред се  на младите категории доколку сакаме да останеме на врвот. Доколку не го смениме начинот на работа, начинот на размислување, начинот на функционирање на тие клубови и репрезентации мислам дека ни следува еден период каде што не ќе можеме да се пофалиме со нешто поголеми резултати.

Кој ти беше најтежок ракометар со кого се имате соочено во кариерата, а против кој сакавте редовно да играте?

-Па немало ни такви ни такви. Мислам дека се зависи од натпореварот, од денот, од расположението, се зависи од она колку психички, физички и ментално ќе се подготвите за натпревар и за поедини играчи против кого играте, така да немам некои посебен ликови против кои ми било полесно, против кои ми било потешко. Едноставно спортот за мене е една комбинација на психички и физички подготовки, на ментална сила која мора да  ја издржите и доколку на почетокот не ви оди мора да се дигнете, да не остави тоа трага на вашиот настап, тоа што се случило првите 5-6 минути, туку да се сконцентрирате на останатите 55 минути од натпреварот. Генерално се подготвувам за секој натревар посебно, мегутоа целта е една, да се победи и јас да бидам најдобар што можам, а со тоа да помогнам и на клубот или на репрезентацијата да оствари подобар резултат.

Со кој тренер обожававте да соработувате и дали, според тебе,  Лино Червар е најголемиот стратег што зачекорил во македонските ракометни сали воопшто?

-Па добро дали е најголемиот стручњак? Според неговите резултати од репрезентацијата да, но според она што го прикажа со екипата на Металург и со екипата на Македонија, па кога беше селектор на светското првенство во Франција, Македонија беше трета од долу. Со тоа не го потврди својот епитет кој го носеше и не ја потврди тежината на своето име кога требаше да ја води оваа држава кон успеси. Мислам дека има одредени квалитети, но прерано влезе во некои математики и политики кои не му донесоа успех и затоа си замина од Македонија. Македонија има многу големи тренери, го има еден Раул Гонзалес кој со Вардар освои Лига на шампиони, еден Гарсија Парондо, кој исто така освои Лига шампиони со Вардар. Мислам дека да се каже дека Лино е најголемиот стручњак кој што стапнал во Македонија е преголема реченица, преголем збор. Мислам дека лугето треба да се ценат според резултатите и според она што го направиле, не според нивното име.

Давор Јосифовски