(ВИДЕО) Кога малиот фудбал ќе го достигне својот зенит – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/21 7:14 PM

(ВИДЕО) Кога малиот фудбал ќе го достигне својот зенит

Одговор има само за прашањето „каде“. И тоа е несигурно. На прашањата „зошто“, „како“ и „што ли беше сега ова“, засега не можеме да одговориме.

Според коментаторот на видео материјалот, а и знамето на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд во позадина, би можеле да констатираме дека ова парче мал фудбал се одиграло на германско тло.

Навидум обичниот футсал натпревар се претвори во сцена од квалитетна и нереална филмска комедија. „Петката“ после физичкиот дуел и борбата за посед заврши во една од вратите во спортската сала, а таму…

Во продолжение погледнете го „хаосот“ предизвикан на футсал двобојот. Хероите се безимени, но од нас добиваат палец горе за прикажаното.

 

 

 

Фото:

Screenshot/ @espnfc