Премиер Лигата под знак прашaлник: Дури 40 позитивни тестови на Ковид-19 по последната рунда тестирања – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/21 5:29 PM

Премиер Лигата под знак прашaлник: Дури 40 позитивни тестови на Ковид-19 по последната рунда тестирања

Продолжението на сезоната 2020/21 во Премиер Лигата се доведува до прашање, откако од лигата ја известија јавноста за новата рунда тестирања на коронавирус направени минатата седмица.

Бројката од 40 позитивни тестови на Ковид-19 е најголемата сезонава и сериозно ја загрозува кампањата во најдоброто светско клупско натпреварување. Од 1311 тестови, 28 биле позитивни во периодот од 28 до 31 декември, а дополнителни 12 позитивни тестови се забележани на тестирањата од први до трети јануари.

Вчера Владата на Велика Британија донесе одлука за целосен национален „локдаун“, но таквата одлука само по себе нема да влијае врз елитниот спорт во државата, вклучувајќи го и фудбалот. Сепак, последните информации на тема коронавирус и тестирањата на стручните штабови и фудбалерите во тимовите, ја разнишаа досега стабилната позиција на Премиер Лигата во однос на пандемијата.

Евертон-Манчестер Сити на 28 декември беше одложена поради позитивни случаи во таборот на Манчестер Сити, а истата судбина ги снајде и Тотенхем и Фулам два дена подоцна, откако се јавија неколку фудбалери на Фулам заразени со вирусот. Претходно, Њукасл и Астон Вила не го одиграа својот дуел на почетокот на декември.