Кумановскиот кризен штаб бара механизација да интервенира на места каде се прелеваат речните корита – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/21 4:35 PM

Кумановскиот кризен штаб бара механизација да интервенира на места каде се прелеваат речните корита

Водостопанство „Кумановско-липковско поле” да интервенираат со механизација на неколку точки каде има прелевање на реките во кумановско, побара Кризниот штаб Куманово на денешната 59-та седница.

– Со оглед на прелевањето на речните корита на реките Крива Река во делот на Јачинце и Довезенце и река Пчиња во делот на село Пчиња ОШЗС излезе со заклучок во форма на препорака до АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле” веднаш, нивните екипи да излезат на терен со расположливата механизација и да дејствуваат во насока на надминување на состојбата во интерес на граѓаните, информираа од штабот.

Оттаму додаваат дека штабот формирал и комисија која веднаш изглела на терен за да направи увид во состојбата и да го информира штабот. Воедно, штабот им препорачува на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID 19 донесени од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.