Необичниот феномен на замрзнатото канадско езеро Абрахам, атракција за љубителите на природата – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/21 4:14 PM

Необичниот феномен на замрзнатото канадско езеро Абрахам, атракција за љубителите на природата

Езерото Абрахам во канадската покраина Алберта плени со невообичаениот феномен кој се појавува во зимските месеци од годината, пишува Агенција Анадолија (АА).

Имено, штом температурата на водата се намали под нулата, и површината на езерото замрзне, под ледениот слој се гледаат безброј меури заробени под ледот.

Овој феномен, кој привлекува голем број љубители на природата, го предизвикува метанот заглавен под мразот. Големи бели меури се создаваат во езерoто кога бактериите што живеат во водата се хранат со распaднатата органска материја при што се ослободува гасот метан, кој при замрзнување на езерото станува заробен под ледениот слој.

Езерото Абрахам се наоѓа на канадските Карпести планини, а неговата површина лежи на надморска височина од 1.340 метри.

Иако станува збор за вештачко езеро, кое е создадено со градење на браната Бигхорн во горното течение на речата Горен Саскечеван, тоа се истакнува со сината боја на водата, карактеристична за глацијалните езера, која потекнува од хемискиот состав на околните карпи.