Постарите луѓе често не се справуваат со модерната технологија, а нивните деца и внуци сметаат дека тоа е смешно и но и симпатично во повеќето случаи.
Затоа, тие обично да се обидуваат да си ги олеснат работите на свој начин, или пак некој помлад да го стори тоа за нив. Оваа појава ја илустрира фотографија објавена на Фејсбук страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“.
„Кога баба го обележува далечинскиот управувач“, стои во описот на фотографијата, на која се гледаат два далечински управувачи, на кои се залепени хартии со потсетници. На едниот има натпис „пали“, а на другиот „менува програми“, пренесува „Индекс“.