Досегашниот директор на фудбалскиот клуб Вардар, Самоил Симев, денес поднесе остава од функцијата директор. Како што вели, оставката ја поднесува поради морални и етички причини, но останува извесен период во најголемиот македонски тим, додека не се реализираат заостанатите плати и не се расчистат заостанатите долгови.
-Минаа 7 години како сум назначен на позицијата од која заминувам. Сакам да изразам благодарност до г-дин Самсоненко за укажаната чест да се биде дел од најголемиот спортски бренд ФК Вардар но и за се она што тој го направи на спортски план со сите колективи. Благодарност до медиумите, подржувачите, критичарите и најверните – Комити. Посебна благодарност до сите фудбалери и тренери низ годините од првиот тим и младинските категории, колеги вработени во клубот, кампот и Академијата сите заедно во 6 сезони освоивме 4 шампионати и остваривме историски пласман во ЛЕ. Имавме убави моменти, моменти на славје и тага, успеси и грешки кои нѐ градеа како колектив. Се вложив максимално во работата изминативе години, целосно се посветив и таа ми беше на прво место, себично, но, и пред приватниот живот. Беше личен предизвик, гордост, задоволство, но на моменти и тешко искуство кое не може да се опише. Емотивно сум исцрпен и истрошен и немам веќе ниту сила, ниту моќ да се борам, напиша Симов.
Последните шест месеци во Вардар и неостварените ветувања од Град Скопје, според Симов биле клучни за ваквата одлука.
Тој се заблагодари уште еднаш на Сергеј Самсоненко и апелираше до сопствениците на клубот, надлежните институции и спортската јавност, да се вложи напор во спас на македонскиот фудбалски бренд.