Приведен е 52-годишен маж кој вчера физички ја нападнал сопствената мајка. Според информациите од Полицијата настанот се случил во нивниот семеен дом во штипско село.
„Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода В.Т.(52) затоа што околу 16.30 часот во семејниот дом во штипско село физички ја нападнал неговата 74 – годишна мајка,“информираат од Полицијата.
По комплетирање на случајот против В.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.