Извесен господин Поповски од Вевчани, како што се претстави на видеото поставено на социјалните мрежи, држејќи шише во форма на крст, упати јавни закани за атентат до премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.
Вевчанецот е уапсен, а ќе му биде поднесена пријава за делата „Постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 45-годишниот вевчанец при претресот на неговиот дом, му се одземени лаптопи и други уреди поврзани со кривичното дело.Тој преку својот Фејсбук профил објавил видео со заканувачка содржина, во кое што промовира и поттикнува омраза, дискриминација и насилство.