Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка, за сите оние кои не можат да седнат со блиските на маса – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/21 10:58 AM

Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка, за сите оние кои не можат да седнат со блиските на маса

Новото време, моменталните состојби, новогодишните и божикните празници, носат нови предизвици но и барање начини да се прилагодиме на новото, наметнатото и во сето тоа да не се изгуби смислата и убавината на секојдневните и празничните навики.

Наоѓајќи се пред уште еден предизвик, Бадник  и сите обичаи поврзани со него, наместо групирање , тимот Challenger направи дигитална платформа преку која на безбеден начин секој ќе може да врти пита со паричка со своето друштво или семејство. Паричето.мк – дигитална пита со паричка.

„Сакам луѓето безбедно да ги прославуваат празниците. Чуствувам дека сме при крај со кризава ама мора да издржиме уште малку. Се надевам дека апликацијава ќе им помогне на сите оние кои не можат да седнат на заедничка маса на престојните празници“ вели Стефан Алексиќ од тимот Challenger .

Паричето.мк е создадена со цел да не сплоти во миговите кога сме оддалечени едни од други.

Нема ограничен број на учесници во делење на питата, но досега е тестирана со најмногу до 40 корисници.

Платформата фунционира на тој начин што се внесуваат имињата на луѓето со кои сакате да ја поделите виртуелната пита, по што се извлекува дел.