На територијата на Град Скопје вчера се казнети 151 возач во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Како што соопшти МВР, казнети се 22 возачи за возење без возачка дозвола, 13 за управување со брзина поголема од дозволената, 15 за нерегистрирани и технички неисправни возила, пет за управување под дејство на алкохол, осум за користење на мобилен телефон и две за поминување на затворен семафор (црвено светло).
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, информира МВР.