Печалбарите го зголемија прометот во тетовските трговски и угостителски објекти – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 6:27 PM

Печалбарите го зголемија прометот во тетовските трговски и угостителски објекти

За повеќе од 50 отсто е зголемен прометот во угостителските и трговските објекти во полошко е зголемен со доаѓањето на печалбарите. Економијата живна, но ризикот од раст на бројот на новозаразени со Ковид-19 е голем, велат здравствените работници.

Со парите што печалбарите ги трошат деновиве, ќе ја преживееме зимата, велат сопствениците на трговските и угостителсктие објекти.

Економијата живна како и секоја година во овој период, но годинава ризикот е голем со доаѓањето на печалбарите, велат здравствените работници. Апелираат на голем внинмателност и почитување на здравствените мерки и протоколи.

Над 40 отсто од населението во полошко е отселено во западно – европските земји претежно во Германија и Швајцарија.

(З.Д.)