Франускиот дефанзивец и во летниот трансфер период беше на мета на „росонерите“, но на крајот клубот од Милано се одлучи да се задоволи со младиот фудбалер на Лион, Пјер Калулу. Сега Милан се наоѓа на првата позиција на табелата во Сериа А и се чини дека заедно со најголемиот градски ривал ќе ја бие битката за долгоочекуваната титула.
Со цел да го зајакне составот и да ја пополни празнината оставена од честите повреди на фудбалери од задната линија, Стефано Пиоли има намера да го ангажира младиот дваесетгодишен централен дефанзивец на Стразбур, Мохамед Симакан.
Според „TF1“, Италијанците се подготвени да одвојат 15 милиони евра плус дополнителни бонуси за услугите на еден од најдобрите млади играчи во француското првенство.
Покрај Милан, интерес за Симакан пројавиле и Лајпциг и Челзи.
Фото:
rossoneriblog.com