Хамес Родригез сигурно ќе остане во Баерн Минхен и во следната сезона, гарантира агенцијата која ги претставува неговите права – „Гестифут“.
Во договорот за закуп помеѓу баварците и Реал Мадрид нема „дупка“, која „кралевите“ би можеле да ја искористат за да го вратат техничарот пред летото 2019 година.
Мадридскиот весник „Марка“ тврди дека шампионот на Германија сепак почнал да бара заменик на колумбискиот репрезентативец.
Причината е дека во Баерн не толерираат фудбалери кои немаат желба да го носат дресот на клубот. Засега единствен исклучок е централниот напаѓач Роберт Левандовски, кој исто така изрази желба да ја смени средината.
Како што е познато, самиот Хамес сака да се врати во Мадрид по оставката на Зинедин Зидан, а наследникот на Французинот на тренерскиот пост, Хулен Лопетеги е голем почитувач на Родригез.
Извор:МИА