ФЗО: Доцнење на исплата на надоместоци има кога ненавремено се поднесуваат документите – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 4:47 PM

ФЗО: Доцнење на исплата на надоместоци има кога ненавремено се поднесуваат документите

Исплатата на надоместоците за боледувања и породилни отсуства течат редовно, односно исплати се вршат три пати неделно, информираат од Фонд за здравствено осигурување на РСМ.

Поголемиот дел од исплатите за ноември според нив се завршени, а доколку кај определни осигуреници не е реализирана исплата, истите треба да проверат кај својот работодавач, дали се поднесени нивните документи навремено и истите се коректни. Исто така, од ФЗО велат дека треба да се има предвид, за да се реализира навремена исплата, работодавачот треба навремено да ги уплаќа придонесите за здравствено осигурување.

– Најчесто кога има доцнење на исплата на надоместоците, станува збор за ненавремено поднесување документи, некоректна документација и (несовпаѓање на бројот на часови кои ги доставува работодавачот до Управата за јавни приходи), како и нередовно плаќање на придонесите од страна на работодавачот, соопштија од ФЗО.

Откако осигуреното лице ќе провери со работодавачот, од ФЗО појаснуваат дека тогаш треба да се јави во соодветната подрачна служба на Фондот каде претходно се поднесени барањата за да се утврди дали треба да се направи корекција на часови во МПИН декларација на УЈП.

Обично последниот месец од исплатата на надоместоците за породилно отсуство се прима надоместокот откако ќе заврши месецот, со цел часовите во МПИН да се прикажат согласно ИСР образецот. Доцнење има во случај кога датумот на завршување на боледувањето не е усогласен со ИСР образецот што го издава матичниот лекар, што не е по вина на Фондот туку по вина на самиот работодавач кој не ги прикажал часовите точно, информираат од ФЗО.

Доколку осигурениците, со право се револтирани поради ненавремена исплата,  од ФЗО преку соопштеније ги замолува прво да проверат дали работодавачот уредно ги извршил своите обврски кон нив, за да може и Фондот навремено да ги врши исплатите.