Играч на лото во Германија кој доби 11,3 милиони евра и по три години не ги подигнал парите-рокот поминал – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 4:42 PM

Играч на лото во Германија кој доби 11,3 милиони евра и по три години не ги подигнал парите-рокот поминал

Играчот на ЛОТО во Германија, кој освои 11,3 милиони евра пред три години, не ги повлече добиените пари и му истече рокот за подигање на високата премија.

Рокот за подигање на наградата истекол на почетокот на оваа година, тврди директорот на државната лотарија, Георг Вакер, наведувајќи дека сега таа сума ќе биде префрлена во фондот за награди за специјалното извлекување.

Играчот на ЛОТО,  кој сега ја загуби својата добивка, ја погоди добитната комбинација уште во април 2017 година.
И покрај редовните јавни повици на организаторите, никој не се пријавил.

ја Според Вакер, ова е првпат никој да не си ја земе добивката , а станува збор за навистина голема добивка.

Играчите на лото во Германија имаат можност да ги земаат своите добивки три години, а пред 2016 година, тој рок беше само 13 недели.

mondo.rs