Обезедени потребните средства за транспорт и погреб на крушевскиот камионџија кој почина во Холандија – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 4:26 PM

Обезедени потребните средства за транспорт и погреб на крушевскиот камионџија кој почина во Холандија

Општина Крушево ќе помогне на семејството на Тодор Ѓорѓиески, кој почина во саботата во Холандија, на 54 годишна возраст.

Ѓорѓиевски неколку години работел како камионџија, возејќи низ цела Европа. Во родниот град долги години бил спортски активен како одбојкар, подоцна и како одбојкарски тренер.

На социјалната мрежа Фејсбук од колега на починатиот Тодор, Игор Јованов, кој работи во транспорт во Шведска, беше отворена донација со лимит од  36.207 долари (29.455 евра).

„Пораката ја добив од македонски возачи дека Тоше починал во странство и решивме барем на овој начин да помогнеме на фамилијата. Јас,  Ѓорѓиески не го познавам лично, но сакам да помогнам. Тоа е најмалку што можеме да го направиме“, изјавил Јованов за „Фокус“.

За кратко време на ФБ се огласи и синот на Тодор со информација дека линијата за донации е затворена и дека се обезбедени потребните средства.

„Групата која беше отворена на Facebook, на наше инсистирање е затворена за донации.
Бидејќи сумата која беше објавена, беше неофицијална и непотврдена дека сето тоа толку чини. На почетокот не бевме искоординирани во поглед на тоа колку би чинел транспортот,
за кој во голем дел се погрижи сопственикот на фирмата во која работеше татко ми. Тие пари што се собраа се за дополнителните трошоци за кои не сме сигурни колку ќе изнесуваат,“ напиша Ѓеорѓиески на неговиот ФБ профил.

 

Сотир Габелоски, портпарол на општина Крушево вели дека без разлика што парите се собрани, општината и Советот ќе издвојат средства за помош на семејството.

„Тодор Ѓеорѓиески беше актуелен тренер на одбојкарскиот клуб во Крушево, тимот во кој играше и Тоше Проевски, чии што спонзор ,,Синалко“, продолжи да го финансира клубот и по неговата смрт. Колкава ќе биде сумата што ќе биде одвоена за помош на семејството, дополнително ќе се утврдува“  изјави Габелоски за ММС.