Еди Рама носи капут од 3.000 долари, а народот спие во шатори – Премиерот на Албанија го критикуваат за дизајнерката гардероба – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 4:06 PM

Еди Рама носи капут од 3.000 долари, а народот спие во шатори – Премиерот на Албанија го критикуваат за дизајнерката гардероба

Заменик претседателот на албанската демократска партија, Еди Палока, денеска го прозва премиерот Еди Рама дека носи дизајнирана облека, додека луѓето кои претрпеа штета во земјотресот сè уште спијат во шатори.

Тој на социјалните мрежи напиша дека Рама носи палто вредно 3.175 долари, додека многу граѓани погодени од земјотресот во кој ги загубија своите домови, спијат во шатори и засолништа, пренесуваат албанските медиуми.

Албанија беше погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени во ноември 2019 година, оставајќи над 13.000 луѓе без покрив над главата и оштетени повеќе од 14.000 згради.

 

Nënkryetari i PD-së, Edi Paloka ka shkruar në në faqen e tij në rrjetin social Facebook se Kryeministri Edi Rama e ka…

Posted by Albania 24 on Monday, January 4, 2021

Nënkryetari i Partisë Demokratike, Edi Paloka ka sulmuar kryeministrin Edi Rama, ndërsa është kapur me çmimin e xhupit…

Posted by Portali Hapur.al on Monday, January 4, 2021