Погба сака да се врати во Јувентус – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/18 7:58 AM

Погба сака да се врати во Јувентус

Дваесет и пет-годишниот француски репрезентативец не сака повеќе да работи под Жозе Мурињо и сака да се врати во клубот од Торино.

Пред две години Манчестер Јунајтед го купи Погба од Јуве за сума од 105 милиони евра. Во 2012 година халфот ги напушти „црвените ѓаволи“ и се упати кон Италија, но како слободен агент.

За Погба интерес, исто така, манифестира и шпанска Барселона.

 

Извор:МИА