Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац (84) склучи граѓански брак на 31 декември со неговата сопруга Емилија Мима, со која живее во заедница 40 години. Во присуство на матичар, кумови и најблизок круг на пријатели, Тозовац организирал интимна прослава во неговиот стан во Белград за да го означи почетокот на брачниот живот „на хартија“ . Тозовац за Нова.рс го откри својот рецепт за негување љубовна врска, а со тоа и тајната на траењето на љубовта.
„ Старееме и сакавме да се одлучиме за тој чекор, односно венчавката. Поради короната, немаше прослава затоа што ги почитуваме мерките, затоа направивме еден ручек и ја одбележавме нашата нова церемонија “, изјави Тозовац за Нова.рс и дода:
„Една личност не може сама да носи товар. Кога едната глава ќе се олади, тогаш се е џабе. Врската не треба да се поправа, таа треба да се гради и негува од ден на ден. Мима и јас си веруваме и тоа не одржуваше сите овие години. Работев многу, патував на концерти и ја сакав кафаната, а таа го поддржуваше сето тоа. Во ниту еден момент не се пожалила, љубоморела или замерила. Јас сум пејач, песната е сè во мојот живот. Зошто би ми скратувала нешто што го сакам? Тука е нејзината величина, затоа што покрај неа јас сакав музика “, вели пејачот на народна музика.
https://twitter.com/inanna1814/status/1345336314825220098
Тозовац посочува дека неговата врска, која трае веќе четири децении, можела да биде прекината одамна, ако приоритетите не биле поставени на самиот почеток.
„Жена ми никогаш не ме проверуваше. Ако одам во кафеана, таа знае дека сум во кафеана. Никогаш не ме праша со кого сум на масата. Можеше да претпостави затоа што ме познаваше од срце. Немав потреба за ништо да се правдам затоа што е разумно. Проблем кај младите е што постои недоверба, затоа многумина не преживуваат “, заклучува Тозовац.
Извор и фото: nova.rs