Англичанецот, кој официјално беше познат како најдебелиот човек во Велика Британија, почина на 52-годишна возраст, по долгогодишни здравствени проблеми.
Бери Остин, човекот што го нарекуваа „златно срце“ и е поранешен таксист од Бирмингем, денес ја загуби битката со животот.
Како што и самиот изјавувал, имало денови кога внесувал по 29.000 калории и пиел по 12 литри газирани сокови. Како резултат на таквиот начин на живот, тој достигнал телесна тежина од 412 килограми.
Таквиот начин на живот драстично влијаел на неговото здравје, и кога се појавиле првите проблеми, тој го намалил внесувањето калории на 1.500 на ден, и на тој начин изгубил 100 килограми. Во последните години од својот живот, имал проблеми со дишењето, како и голем број на инфекции.