Пописот е насушна потреба, вели Заев и очекува попишувањето да се спроведе од 1-ви до 21-ви април – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 1:20 PM

Пописот е насушна потреба, вели Заев и очекува попишувањето да се спроведе од 1-ви до 21-ви април

Пописот е обврска и треба да се спрведе затоа што сме единствена држава без попис во Европа, па срамота е да правиме експерименти.  Пописот е насушна потреба – изјави попладнево премиерот, Зоран Заев. Тој очекува пописот да се спроведе во периодот во кој е замислено, од 1 до 21 април годинава.

„Во земјава дозволено е да се има двојно државјанство. Прашањето е дали тој што е граѓанин на Република Северна Македонија живее тука или е иселен повеќе од една година. Ако е иселен повеќе од една година се смета дека не е резидент и се попишува како граѓанин иселен повеќе од една година, сите останати се сметаат за резиденти, домаќинства кои живеат во државата. Тој е решен и за сите етнички заедници, а поради тоа е релаксирана и беспредметна секоја калкукација или математика за каква било поставеност граѓаните согласно нивната етничка припадност. Самото решение на пописот нема никаква ретроактивност. Можеби во 2021 година, ќе имаме етничка заедница од која 20 проценти ќе живеат надвор од Македонија, па потоа дома во државата“, изјави Заев денеска.

„Светот е глобално село и ништо не смее да се стави под прашалник. Ги слушаме барањата на  опозицијата и се трудиме да ги земаме предвид.  Нема зијан и бараме најмалку 5 илјади апарати за отпечатоци од прст, но како би го направиле тоа со луѓето што не живеат тука, или на децата кои немаат 18 години.  Веќе немаме работна група, туку си има институција за спроведување на пописот, кој е важен за граѓаните. Опозицијата вели кога ќе дојде на власт ќе направи попис и тоа не е проблем, па ќе ги видиме бројките“, додаде премиерот.

Инаку, од Заводот за статистика вчера најавија дека методологијата за спроведување на пописот ќе биде утврдена до крајот на месецов. Методологијата ќе претставува подзаконски акт кој ќе биде јавно објавен и ќе може да го видат сите – најави директорот на Заводот, Апостол Симовски. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека пописот ќе го бојкотираат.

 

Вања Мицевска