Во Велес првото бебе во 2021- женско, мајката се породила сама во домашни услови – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 12:28 PM

Во Велес првото бебе во 2021- женско, мајката се породила сама во домашни услови

Во дом на улица „Максим Горки“ бр 80 во Велес, синоќа во 21:30  е родено првото бебе во Велес годинава од мајката Симона Панова (23). Мајката сама се породила дома и на свет донеле здраво и живо женско бебе тешко 2,980 кг и долго 51 сантиметар.

Била повикана Итна медицинска помош и д-р Марјан Мишев кои само констатирале дека бебето е веќе родено и по што бебето и мајката биле транспортирани со возило на Итна помош на Гениколошко –акушерското одделение при велешката Општа болница,информира за МИА, д-р Василка Панова Поп Стефанова началник на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.

Како што информира за МИА д-р Елеонора Јованова портпарол на ЈЗУ Општа болница мајката и бебето од доцна синоќа се сместени на нивното Гениколошко – акушерско одделение и двете се во добра здравствена состојба.

Инаку на 23 годишната Симона Панова и нејзиниот сопруг Љупчо Митров ова им е прво бебе.

Во велешката болница лани се родени 413 бебиња од кои последните две родени на Гениколошко- акушерското одделение се машко и женско бебе, родени на 30 декември. Инаку за цел месец декември биле родени 31 бебе.

фото-veles.gov.mk

Споредено со претходната 2019 година кога се родиле 473, лани има за 60 бебиња помалку.

Инаку д-р Василка Пановска Поп Стефанова за МИА информира дека и пред еден месец во домашни услови се породила жена во Градско, а на која тоа и било четвртто бебе. Таа со својата екипа од Брза помош од Велес, само извршила преглед на мајката и бебето и констатирале дека се во добра здравствена состојба.