Дождот кој непрекинато паѓа повеќе од 12 часа повторно предизвика одрони на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица.
Возачи јавуваат дека голем одрон го попречува движењето на сообраќајот кај месноста Баткова Чешма.
„Од одроните целосно е блокиран едниот дел од коловозната лента. Во близина на местото забележливо е дека и порано овде имало свлечиште. Ова нека биде апел да се внимава на оваа делница, велат возачи.
Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека редовно вршат обиколка на теренот, при што по пристигнувањето на местото на одроните веднаш ќе почнат со работа за нивно расчистување.
„Поради дождот апелираме за внимателност бидејки се можни одрони и на други делници од овој регионален патен правец, наведуваат од ЈП „Македонија пат”.
В.С