Две куќи биле опожарени вчера во Куманово, во два различни пожари.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на улицата „Ратко Митровиќ“ вчера бил опожарен семеен дом.
Пожарот избувнал околу пладне, а во 12:30 часот на терен излегле петмина пожарникари на ТППЕ Куманово со едно противпожарно возило.
Според РЦУК, опожарена е една соба од објектот, а причините за избувнување на пожарот и висината на материјалната штета, допрва ќе се утврдува.
Оџак на семеен дом се запалил на улицата „300“ во населбата Ајдучка Чешма. Во период од 17:00 до 17:40 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Н.Ивановски