Пензионер на дијализа ја доби првата оксфордска вакцина против коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 10:32 AM

Пензионер на дијализа ја доби првата оксфордска вакцина против коронавирусот

Велика Британија почна да ги вакцинира граѓаните против ковид-19 со вакцината во производство на АстраЗенека-Универзитетот Оксфорд. Првата доза ја прими осумдесет и двегодишниот, Брајан Пинкер, пациент на дијализа. Тој денеска беше вакциниран во болница што се наоѓа на неколку стотини метри од лабараторијата во која е направена вакцината – пренесува Танјуг.

„Многу сум задоволен што ја добив вакцината против коронавирусот и горд сум што е направена баш во Оксфорд“, изјави Пинкер. Тој додаде дека се радува на прославата за четириесет и осумгодишнината од бракот со својата сопруга Ширил во февруари.

Медицинските сестри, докторите, целиот персонал беше фантастичен – нагласи пациентот.

Велика Британија веќе вакцинираше повеќе од милион луѓе, повеќе отколку цела Европа заедно – оцени Мет Хенкок, министер за здравство. Тој оцени дека почнувањето на вакцинацијата на „триумф“.

Ова е победа на британската наука, далеку стигнавме. На почетокот на вакцинацијата сфативме дека тој процес е единственото долгорочно решение – додаде министерот.

Владата предводена од Борис Џонсон пак, соопшти дека обезбедила 100 милиони дози од вакцината, која може да се чува во фрижидери на температура помеѓу 2 и 8 степени, што ја прави полесна за дистрибуција од вакцината на Фајзер, која мора да се чува на минус 70 степени.

Шест болници во Британија од денес им ги вбризгуваат вакцините на луѓето, а во првиот бран обезбедени се 530 илјади дози. Владата се надева дека следните месеци ќе успее да испорача десетина милиони дози.

 

Фото:  PrtSC / Skynews

Извор:  telegraf.rs