Чекал со години за да се одмазди: Поранешен вработен во Мерцедес со багер демолирал 50 нови возила – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 9:45 AM

Чекал со години за да се одмазди: Поранешен вработен во Мерцедес со багер демолирал 50 нови возила

Неименуван работник во погоните на Мерцедес во Шпанија одлучил да им се одмазди на поранешните работодавачи и им направил штета од 5 милиони евра. Работникот во раните утрински часови на 31. декември дошол со багер во кругот на фабриката, со намера да уништи возила.

Откако ја пробил вратата на фабриката, уништил педесетина сосема нови комбиња на паркингот, што чекале за испорака.

Вработените во обезбедувањето не можеле да го задржат, па на крајот почнале да пукаат во воздух. Тогаш поранешниот работник го запрел багерот, а обезбедувањето го задржало додека да дојде полицијата.

Иако нема официјални податоци за причинетата штета, „Ел Паис“ објави дека станува збор за штета од најмалку 5 евра. Неименувани извори од фабриката велат дека човекот уништил околу 50 возила, додека други тврдат дека бројот е многу поголем, околу 70.

Човекот работел во фабриката во 2016 и 2017 година, па се претпоставува дека акцијата ја планирал долго време. Тој украл багер од дворот на градежна компанија, а потоа го одвел 21 километар до фабриката Мерцедес.

https://twitter.com/alekssef/status/1345302615752630272?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1345302615752630272%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fbiznis.telegraf.rs%2Finfo-biz%2F3284344-cekao-je-4-godine-da-se-osveti-firmi-bivsi-radnik-ukrao-bager-uleteo-u-fabriku-i-napravio-haos

Полицијата го уапсила работникот и тој ќе бидат гонет за кражба и предизвикување материјална штета, а според надлежните што ја водат истрагата, ова дело е одмазда. Не е познато дали работникот бил отпуштен порано, ниту кој бил мотивот за овој бизарен напад.

 

 

Фото:   Youtube/Printscreen/Baudi Casado

Извор:  telegraf.rs