Смртоносен топлотен бран во Јапонија – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/18 7:43 AM

Смртоносен топлотен бран во Јапонија

Јапонската метеролошка служба предупреди дека Јапонија е зафатена од топлотен бран опасен по живот, со температури близу до 40 степени.

Како што јави новинската агенција ДПА, поради топлиот бран досега починале најмалку шест лица, а стотици побарале помош. Меѓу починатите е и едно шестгодишно дете, на кое му се слошило по училишна екскурзија.

Температурата во јапонскиот главен град Токио вчера достигнала 35 степени, а во блискиот град Кумагаја – 39 степени. Високите температури предизвикаа 12 смртни случаи во текот на минатата недела, а близу 10.000 лица побарале лекарска помош.

Топлотниот бран доаѓа по поплавите во западните делови на Јапонија, кои загинаа 220 лица.

 

Извор:МИА