Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците информира дека денеска свечено ќе биде отворен објектот во којшто ќе биде сместена оваа институција.
Отворањето е закажано во 12 часот, а од Министерството најавуваат дека на настанот ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.
Новиот објект на Министерството се наоѓа пред влезот од подземната гаража на Македонскиот народен театар.