За три месеци ќе бидат опремени десет судници за онлајн судења, најавува Маричиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 7:23 AM

За три месеци ќе бидат опремени десет судници за онлајн судења, најавува Маричиќ

До крајот на март ќе бидат опремени 10 судници во пет основни суда во земјата за одржување онлајн судења – најави министерот за правда, Бојан Маричиќ во интервју за МИА.

– Мора да ги користиме придобивките на модерната технологија доколку сакаме да сме во тек со современите текови. Веќе знаете дека судот во Кавадарци одржа онлајн рочиште, а тоа треба да ни биде и мотив дека тоа е можно и во Северна Македонија – вели Маричиќ.

Според него, Министерство ја отворило темата за онлајн судења и дигитализација на судството од самиот почеток на пандемијата.

Во 2021 година, како што истакнува Маричиќ, ќе се интензивира работата на внесување на потребните одредби во законските решенија, а дополнително ќе се работи на обезбедување на потребната опрема и кадар за непречено одвивање на процесот.

 

МИА