(ВИДЕО) Кандидатот за гол на сезоната уште на вториот ден од 2021: Амири и Леверкузен играат фудбал – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/21 9:38 PM

(ВИДЕО) Кандидатот за гол на сезоната уште на вториот ден од 2021: Амири и Леверкузен играат фудбал

„Фармацевтите“ загубија на гостувањето во Франкфурт, но она по што ќе се памети овој натпревар е прекрасниот погодок што го постигнаа гостите.

Тимската акција од средината на теренот ја претвори во фантастичен гол како од учебниците германскиот интернационалец Надием Амири. Тој со „пета“ на крајот го матираше Кевин Трап и му донесе водство на својот тим на тешкото гостување.

Голот со зборови не може да се опише и затоа во продолжение ви ја донесуваме „магијата“ од терените во Бундесот приредена од одличниот Баер Леверкузен.