Најмалку 56 лица загинаа во терориситчки напад на границата на Нигер со Мали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми наведуваат дека селата Чомбангоу и Зарумдареје, близу границата со Мали, ги нападнале терористи.
Во нападот загинале 56 лица, од кои сите биле цивии, а 20 луѓе се ранети. Нападот го потврди и министерот за внатрешни работи Алкаче Алхада.
Во регионот каде се случил нападот исптатени се војници.