Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Тој објави фотографија во друштво на премиерот Зоран Заев и нивните синови.
-Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко, напиша Филипче.
Фото:
Twitter/ @VFilipche