„Old Firm“ дербито му припадна на Ренџерс: Џерард и Глазгов чекор поблиску до титулата – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/21 5:17 PM

„Old Firm“ дербито му припадна на Ренџерс: Џерард и Глазгов чекор поблиску до титулата

Сезоната од соништата за тимот на Глазгов Ренџерс продолжува. „Old Firm“ дербито на „Иброкс“ им припадна на домаќините, а херојот на тимот од „синиот“ дел од Глазгов беше фудбалерот на противнички Селтик, Калум МекГрегор.

Во 70-тата минута шкотскиот интернационален се обиде да го „исчисти“ центаршутот во својот петерец, но за жал топката ја смести во мрежата на својот голман. Впечатокот е дека во поголемиот дел од дербито Селтик ја контролираше играта и креираше повеќе шанси. Сепак, стабилноста која тимот предводен од Стивен Џерард ја манифестира сезонава и рутинираноста, пресудија во еден од најголемите натпревари во светскиот фудбал.

Директниот црвен картон на Израелецот, Нир Битон, ги намали значително шансите на рекордна десетта по ред титула на Селтик во шкотскиот шампионат, ставајќи го ривалот во позиција од која не може да се згреши.

По 22 нецели кола, Ренџерс го зазема првото место на табелата со остварена предност од 19 бодови пред „зелено-белите“ кои имаат три мечеви помалку од Глазгов. Ваквиот старт на Ренџерс е најдобриот старт во домашното првенство од 1928 година. Вториот најтрофеен шкотски клуб во кампањата 2020/21 нема доживеано пораз, постигнувајќи 57 погодоци и примајќи само пет.

 

 

 

 

Фото:

belfastlive.co.uk