Родена уште пред Илинденското востание: Најстариот жител на планетата денеска слави 118. роденден – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/21 2:49 PM

Родена уште пред Илинденското востание: Најстариот жител на планетата денеска слави 118. роденден

Кане Танака, Јапонката што е позната како најстарото лице во светот од Гинисовите светски рекорди, денес наполни 118 години, пренесува Анадолија (АА).

Според веста на „НХК њуз“ („NHK News“), Танака, која е родена на 2 јануари 1903 година (седум месеци пред македонското Илинденско востание – н.з.), денес во Фукуока, во југозападниот дел на Јапонија, во домот за згрижување каде што живее, го слави нејзиниот 118. роденден.

Танака на роденденот нагласи дека планира да остане здрава до 120-годишна возраст.

Таа се наоѓа во добра здравствена состојба, јаде три пати на ден и вежба.