Ден на жалост во БиХ поради смртта на осумте момчиња и девојчиња во новогодишната ноќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/21 1:36 PM

Ден на жалост во БиХ поради смртта на осумте момчиња и девојчиња во новогодишната ноќ

Во Мостар претпладнево почна обдукацијата на телата на осумте момчиња и девојки што починаа од труење со јаглерод моноксид од системот за греење во текот на новогодишната моќ. Денеска е ден на жалост во Босна и Херцеговина, а и регионот е во тага по осумте млади животи.

Трагедијата се случи во викендичка кај Посушје, каде што осумте млади момчиња и девојки биле на дочек на Новата година. Во викендичката имало уште шестмина млади, кои, по новогодишната забава, околу 4 часот наутро, отишле да ноќеваат во соседната викендичка. Еден од нив, вчера околу 10 часот ги нашол мртвите тела на осумтемина млади, кои, по новогодишната веселба, легнале да спијат во викендичката.

Трагедија: Осумтемина момчиња и девојчиња (Фотографии: „Аваз“, Сараево)