Од МНР ја потврдија смртта на македонска дипломатка во Њујорк – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/21 1:16 PM

Од МНР ја потврдија смртта на македонска дипломатка во Њујорк

Дипломатка од македонската мисија во ОН синоќа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк, потврдија за МИА од нашето Министерството за надворешни работи.

– Од Постојаната Мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата, соопштија од МНР.

Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со надлежните институции во САД за сите детали околу трагичниот настан.

Медиуми во Њујорк јавија дека дипломатката во мисијата на ОН била пронајдена мртва во својот стан на Менхетеан со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Според соопштението на полицијата, немало никакви знаци на насилство, пренесува МИА.

Повеќе портали пред малку го пренесеоа „Слободен печат“ дека од негови извори М.В.(39) е македонската диломатка чие тело е проајдено во нејзиниот стан во Њујорк.