Пентагон го суспендираше очекуваното пуштање во целосно сериско производство на авионите Ф-35 – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/21 12:21 PM

Пентагон го суспендираше очекуваното пуштање во целосно сериско производство на авионите Ф-35

Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) го суспендираше сериското производство на целосниот капацитет на борбените американски авиони Ф-35, јавува Анадолија (АА).

САД во ограничен обем произведуваат воени авиони Ф-35, а очекуваното производство го суспендираше надлежната челничка на Пентагон, Елен Лорд.

Гласноговорничката на нејзиниот Кабинет во Пентагон, Џесика Максвел, соопшти дека суспензијата следувала поради последиците од пандемијата на Ковид-19, недовршените планирани симулациски тестови за борбеното дејство и другите технички потешкотии.

Пентагон на тој начин замрзна 398 милијарди долари на неодредено време, што се наменети за започнување на полното производство на леталото Ф-35.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на 20 јануари во Белата куќа ќе го замени претседателот во заминување, Доналд Трамп, а се очекува администрацијата на Бајден да донесе одлука за понатамошниот процес на производство на воените авиони Ф-35.