Томас Соучек игра фантастична сезона во Премиер Лигата и не само што е веројатно најдобриот поединец на препородениот Вест Хем, туку Соучек без сомнение е еден од најдобрите фудбалери во првата полусезона.
Она што претставуваше Маруан Фелаини за Дејвид Мојс во Евертон, тоа сега претставува чешкиот репрезентативец и поранешен фудбалер на Славија Прага. Освен огромната работа што ја врши во средниот ред и дефанзивните задачи, Соучек многу често е опасен по противничкиот гол, па така сезонава има постигнато дури пет погодоци.
Петтиот, оној последниот од денес против Евертон, значеше и победа на „Гудисон Парк“ и нови три бода за Вест Хем. Со оваа победа „чеканџиите“ го зазедоа десеттото место на табелата.
Херојот на лондонскиот клуб во интервју за „BT Sport“ непосредно по завршувањето на дуелот, изјави дека играњето натпревари во празничниот зимски период за него било поприлично тешко, но како што одминуало времето тој се навикнал на приликите. Во шаллив тон, Соучек коментираше дека празниците во неговата родна Чешка вообичаено биле наменети за прослави и добра храна.
“It was hard for me, normally I have three weeks off and eat a lot of potato salad in the Czech Republic!”
You’ve got to love Tomas Soucek and his honesty 😂👏pic.twitter.com/mxOtBeaADA
— SPORTbible (@sportbible) January 1, 2021
-Беше тешко за мене, вообичаено имам три недели зимски одмор и јадам многу салата од компир во Чешка, изјави Соучек.
Фото:
theathletic.com