Европа во Новата година влезе под ограничувањата поради Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/21 7:00 PM

Европа во Новата година влезе под ограничувањата поради Ковид-19

Многу европски држави влегоа во Новата година под ограничувања воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).

Прославата, на која секоја година присуствуваат повеќе од 100.000 луѓе, пред Бранденбуршката порта, еден од симболите на германската престолнина Берлин, не можеше да се одржи поради ограничувањата што се воведени за заштита од Ковид-19.

Пред Бранденбуршката порта се одржа концерт кој граѓаните можеа да го гледаат само на телевизија.

Околу тоа подрачје беше поставена ограда за да се спречи собирање на луѓето, а полицијата презеде опсежни безбедносни мерки.

Во покраината Баварија полицијата интензивно го надгледуваше почитувањето на полицискиот час.

И во Будимпешта, главниот град на Унгарија, прославите по повод Новата година беа ограничени во согласност со забраните за борба против новиот вид коронавирус.

Празните улици и плоштади е она што објективот на фоторепортерот на АА го забележа во овој унгарски град.

Прославите беа забранети и во Франција, каде што беше воведен полициски час меѓу 20 и 6 часот наутро.

Откажан беше и традиционалниот огномет.

Французите во Новата година мораа да влезат од своите домови. Околу 100.000 полицајци и припадници на жандармеријата беа мобилизирани и работеа на контрола на мерките и против собирите на јавни места низ целата земја.

Со забраната за собири во Новата година влезе и Италија.