Незапаметена трагедија го протресе регионот, откако осум млади тинејџери го загубија животот поради труење со плин на новогодишната ноќ во БиХ, во местото Трибистово. Нивните безживотни тела утринава ги пронашле пријателите кои ја дочекале новата година во соседната викендица во селото.
Според портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Мартина Мезиќ, околу 10 часот полицијата пристигнала во општината Посушље по добиената дојава дека се пронајдени повеќе тела. Неофицијално, се работи за четири млади парови.
Во некои од викендиците во местото Трибистово, немало електрична енергија и затоа луѓето биле приморани да користат алтернативни извори за добивање на струја. Младите спиеле кога се случило кобното истекување на гасот.
Фото:
nova.rs