Последниот настап на Месут Озил за Арсенал беше во март минатата година. Во последните две сезони германскиот интернационалец двојно повеќе време поминуваше покрај терените, на трибините, на социјалните мрежи, отколку на терен помагајќи им на „топџиите“.
Доаѓањето на Микел Артета на кормилото на Арсенал дополнително го зацементира статусот на некогашниот фудбалер на Вердер Бремен и Реал Мадрид. Причините според многумина за неговото изоставување немаат многу врска со фудбалот, туку со карактерот и тоа што Озил го носи со себе.
Легендата на Арсенал, Лиам Брејди, се согласува со ова мислење и стои на ставот дека Германецот е штетен за соблекувалната на екипата од северен Лондон.
-Не го обвинувам Артета за случајот со Озил, тој му даде шанса неколку месеци. Не е добар лик за во соблекувална, не е добар на терен. Немам проблем со тоа што Микел го изоставува, изјави Брејди за „Keys and Gray podcast“, а пренесува goal.com.
Брејди со Арсенал го освојува ФА Купот во 1979 година и забележува повеќе од 300 настапи.
„Топџиите“ викендов во рамките на 17-то коло гостуваaт кај Вест Бромвич Албион.
Фото:
goal.com