Делегација на Владата положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/21 2:04 PM

Делегација на Владата положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров

Делегација на Владата предводена од министерот за правда Бојан Маричиќ и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Денеска се навршуваат девет години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, кој, како што наведуваат од владината прес-служба, имаше исклучителна улога во процесот на политичкото осамостојување на земјата и нејзиното меѓународно признавање.