Ленче и Горан Кукиќ со својата група „Јупитер“ вечерва, со почетокот од 21 часот на ТВ ВИС Струмица ќе ги забавуваат сите со Новогодишна музичка програма.
„Годинава сите сме дома па затоа сакаме да направиме новогодишната ноќ да им биде поубвава со нас, со добрата и убава песна. Во музичката програма покрај мене, Ленче и „Јупитер“ учествуваат и Горан Алачки, Зуица Лазова, Наум Петрески, Благица Павловска, Благоја Грујовски, Благица Калева, Перо Христов, Мишел Трајковски, Иван Кукиќ и „Yu for you“, Интервали, Тони Крстев, Ќемал Агушев, Васко Гогов, Јане Крстев и Ване Панов“ , вели Горан и дадеде:
-Екипата на „Ривер Соунд“, се погрижи за сцената со шаренилото од светлосни ефекти, до „Х-Аудио Продукција“, која ја направија тонската продукција на околу 150 песни отсвирени во живо под тонска режија на Иван Кукиќ“.
Новогодишната журка ќе може да се проследи на Фејсбук страната на ТВ ВИС или овој линк: