Биелса ќе го засилува тимот со играч на ПСЖ – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/20 1:15 PM

Биелса ќе го засилува тимот со играч на ПСЖ

Аргентинскиот стратег на клупата на Лидс Јунајтед тимот во навалната линија ќе го засилува со играч на Париз Сен Жермен. Лидс и повеќе од солидно се покажа во првиот дел од сезоната во Премиер Лигата, можеби не толку резултатски колку што тоа е изразено играчки на терен.

Мини-машинеријата на „Ел Локо“ потенцијално може да зајакне за фудбалер со огромно искуство. Џулиен Драклсер станува на лето слободен играч, а како што пренесува „Газета дело Спорт“, Лидс е тимот што „кружи“ околу германскиот интернационалец и сака да го ангажира по истекот на неговиот договор за шест месеци.

По одиграни 16 кола, Лидс го зазема 11-тото место во Премиер Лигата  со 23 освоени бодови и само шест поени оддалечување од местата кои водат во Лигата на Шампионите. Викендов момците на Биелса гостуваат кај Жозе Мурињо во рамките на 17-тото коло од најдоброто англиско клупско натпреварување.

 

 

Фото:

bleacherreport.com