Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во јануари Србија ќе добие четири вакцини. Ноќеска по локално време ќе биде регистрирана и вакцината против коронавирус на Синофарм.
– Мораме да ја нападнеме короната. Изгубивме многу луѓе, тоа е голема цена која што ја плативме, рече Вучиќ за Тв Пинк.
Истакна дека благодарение на докторите, сепак Србија успеала да се избори подобро од некои други земји.
– Дадовме се од себе, благодарение и на трудот и работата на државата и лекарите во ковид системот, Србија е една од најуспешните земји во оваа борба, наведе Вучиќ.
Србија вели тој работи на тоа да тестира многу луѓе за да открие што повеќе случаи и сите да имаат можност да добијат здравствена заштита.
– Се боревме и од почетокот на коронавирусот обезбедивме се за здравствените работници, целосна опрема, но и драматично зголемување на примањата. Тоа ниедна земја во Европа го нема направено за медицинарите. Ги исплативме долговите, не должиме веќе ништо, за прв пат, рече Вучиќ.