Поради глобалното затоплување брзо се топи и последниот глечер на врвот Хумболт кој е познат како втор највисок врв во Венецуела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на интернет-страницата „El Nacional“ се наведува дека венецуелските истражувачи соопштиле дека последниот глечер на врвот Хумболт кој се наоѓа на врвот на планинскиот масив Сиера Невада де Мерида во северозападниот дел на земјата, е во процес на топење.
Според податоците собирани од страна на истражувачите со цел документирање на ефектите на климатските промени од мај 2019 до октомври 2020 година, за кусо време ќе дојде до целосно топење на последниот глечер на врвот Хумболт.
Научниците велат дека на почетокот, ширината на глечерот била еднаква на површината на 300 фудбалски стадиони.
Атмосферските температури кои во текот на 20 век се во раст, предизвикаа брзо глобално намалување на глечерите, додека тропските Анди се наоѓаат на врвот на овие места кои се најмногу погодени од овие промени.