Дино Мерлин ја заокружува годинава со новогодишен концерт: Ќе промовира и видео спот за најновата песна – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/20 10:13 PM

Дино Мерлин ја заокружува годинава со новогодишен концерт: Ќе промовира и видео спот за најновата песна

Дино Мерлин на новогодишната ноќ премиерно ќе претстави две нови песни и видео спот за својот втор сингл, кој ќе се најде на неговиот иден албум.

-Откако на социјалните мрежи и платформи од крајот на октомври песната „Ние“ и видео спотот забележаа преку 13 милиони прегледи, новата песна се очекува со уште поголема нетрпеливост, а станува збор за дует на Дино Мерлин и Сенида. Видео спотот за песната која ја напиша Дино Мерлин е снимен во Сараево и Јукомир, а истиот го има режирано словенечката режисерка Кукла, која предходно го има работено спотот за „Ние“ – се наведува во предходно објавеното соопштение на Дино.“

„После долгата и исцрпувачката турнеја, се обидов повторно да го најдам својот мир, одмор од светот и луѓето, па одлучив да отпатувам во еден голем град во кој бегајќи од се’, се обидов да се вратам кон себе, само за да дознаам-дека не знам да бидам сам“, објаснува Дино Мерлин.

„Така настанаa првите стихови на оваа песна, а Сенида беше совршен партнер за овој дует, како втор глас“, рече пејачот.

Видео спотот со Сенида премиерно ќе биде претставен во рамките на новогодишниот онлајн концерт на Дино Мерлин, кој ќе биде емитуван на 31 декември со почеток во 21 часот.

 

Фото:  instagam/  dinomerlin

Извор:  radiosarajevo.ba