Актерот, Милош Биковиќ стекна огромна популарност во Русија, а неодамна беше прогласен и за најплатен актер во таа земја. Благодарение на филмот „Слуга“ тој влезе во историјата на руската кинематографија, а на своите социјални мрежи често им се обраќа на своите обожаватели не само на српски, туку и на руски јазик. Така и овојпат тој на својот инстаграм профил објави видео во кое откри една интересна работа што се однесува на Русија.
„Мислев дека само Србите имаат чудни обичаи. Но, дали знаевте дека Русите на полноќ на 31. декември палат лист хартија на кој претходно ги имаат напишано своите желби и додека хартијата гори, го фрлаат листот во шампањ и го пијат сето тоа заедно? “ – напиша Биковиќ во описот под видеото.
За потсетување, тој ја почна кариерата во Русија со филм на Никита Михалков, а улогата на полковник Барон Левицки можеби немаше да се случи доколку не се вмешаше неговиот брат монах или како што Биковиќ знае да каже, Божјата волја.
Во неодамнешната исповед, Биковиќ раскажа колку неговото семејство влијаело врз неговиот креативен развој, со какви искушенија се соочувал во неговиот живот, но и зошто неговиот брат Михаило, кој е поглавар на манастирот Јовање, ја одиграл најважната улога во неговиот живот.
Фото: Instagram / bikovic
Извор: kurir.rs